„Медена земја“ и Атиџе наградени на Изборот на критиката за документарци во САД

Од:

Документарниот филм „Медена земја“ освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД на синоќешното доделување на признанијата во Њујорк.

На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Наградите, кои ги доделува Американското здружение на критичарите, се сметаат за едни од најдобрите предвидувања на номинациите за „Оскар“, што ќе бидат соопштени во јануари 2020.

Инаку, „Медена земја“ веќе е меѓу петте номинирани за најдобар документарец на „Европските филмски награди“ за 2019 година, што ги доделува Европската филмска академија (ЕФА). За овој избор одлучуваат гласовите на 3.600 членови на ЕФА, а победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин.

Во претстојниов период „Медена земја“ ќе учествува на филмскиот фестивал во Доха, на фестивалот „Синевропа“ во Сантјаго де Компостела во Шпанија и ќе биде дел од официјалната селекција најголемиот фестивал за документарен филм во светот ИДФА, кој се одржува во Амстердам, што воедно ќе биде и холандска премиера на филмот.

„Медена земја“ е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм. Во тек е промотивната кампања на филмот за номинации за најпрестижната филмска награда, со поддршка од Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ