„Матица македонска“ прославува 24 години

Од:

Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје го прославува својот 24-ти роденден.

Во изминатите години Книгоиздателството публикуваше и реализираше обемна и разновидна продукција со повеќе од три илјади наслови од македонската историографија, публицистика, лексикографија, белетристика и наука.

Објавени се дела од темелниците на македонската книжевност Крчовски, Пејчиновиќ, Цепенков, Прличев, Миладиновци, Рацин, современиците и продолжителите на македонската реч Конески, Шопов, Јаневски, Тодоровски, Павловски, Клетников, Гилевски, Георгиевски, Силјан, Влахов-Мицов, Христова-Јоциќ, Смилевски, Старова, Ристовски, Алексова, Вражиновски, Ќорнаков, Стрезовски, Костов, Мојсова-Чепишевска, како и од младата генерација Пренџова, Мијаковска, Карафиловска, Антоновски, Крајчев и други.

Посебен белег има едицијата Културно наследство во која се објавени капиталните дела „Македонски народни носии“, „Етногенезата на македонскиот народ“, „Македонски манастири“, „Убавините на Македонија“, „Бисери на македонската резба“, „Курбиново“, „Св. Наум“, „Голем град-Преспа“, „Македонски везови“, „Пештерски цркви“, „Народна митологија“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска