Марк Дарси умира во новиот роман за Бриџит Џонс

Од:

Поглавје на новиот роман на Хелен Филдинг „Mad About The Boy“ откри дека Марк Дарси е мртов и дека Бриџит Џонс останала вдовица со две деца.

Откако Дарси на крајот на последната книга ја запроси, дознаваме дека двојката се венчала и дека имаат две деца. Потоа се случува трагедија. Извадоците објавени во The Sunday Times откриваат дека романот „Mad About The Boy“ почнува пет години откако Дарси починал. Ја запознаваме Бриџит како 51-годишна вдовица (35, ако некој праша), мајка на малата Мабел и Били.

По се изгледа, нашата Бриџит ја пребродила смртта на својот сопруг, но само на површина. Новата Бриџит е убава секси мама која влезе во врска со 29-годишниот Роџстер.

Новата Бриџит исто така е опседната со социјалните медиуми и сега ги брои следбениците на Твитер, а не калориите.

Но, откако во саботата е откриено дека Марк Дарси починал, киберпросторот експлодираше од бесните коментари на читателите.

– Уништена сум. Зошто, Хелен Филдинг? Зошто???, напиша една обожавателка на Бриџит Џонс.

Ова се само некои од реакциите на веста, која ја објавија и дел од британските информативни емисии и новински наслови.

Читателите нема да ја дознаат причината за смртта на Дарси во романот, кој ќе биде објавен наредниот месец, пишува Mail Onlilne.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска