Марјан Костов добитник на награда на меѓународниот фестивал за поезија „Јонаш Сивери”

Од:

Младиот поет и писател Марјан Костов-Маци е добитник на награда на овогодинешниот петти меѓународен фестивал за поезија и кратка приказна Јонаш Сивери, во организација на СЦЕНА СВИХ КРЕАТИВНИХ што се одржа годинава на 5 април во Нови Сад.

Од пристигнатите илјадници ракописи, нашиот поет успеа да го освои престижното второ место.
Костов исто така е добитник и на овогодинешната меѓународната награда “Павле Поповиќ” на истоимениот фестивал што се одржа годинава на 15.03 во Нови Сад, каде што успеа да го освои второто место.

До сега има издадено три стихозбирки: Животот е суров, Божји дар, и Човечка судбина.
Кога зборот би се викал така, тогаш Марјан Костов-Маци би го нарекле ПОЕТ НА ТАГАТА И БОЛКАТА, а кога силната човечка волја би се викала надеж, би го нарекле ПОЕТ НА НАДЕЖТА И ВЕРБАТА.
Рано пројавената зрелост и преголемата емотивност го изградуваат неговиот внатрешен и надворешен лик кој се препознава и во поезијата што ја создава.

Неговиот вистински пат е спокојот на душат, која често останува разбранета од суровоста на вистината животна. Неговата младост е исправена пред реалноста која носи:

Голема болка во градите,
Душевна болка,
Мрак кон иднината,
Несигурност во мене…

Заборавот не ја покрива неговата болка за саканите, тие живеат во вечноста, во него, засекогаш:

Со насмевка на лице,
Со солза на срце,
Песни пеев,
А душата плачеше.

Радува тоа што поетот наоѓа сили сам да им се спротвстави на лошите збиднувања со срак светлина и љубов што го навестува новиот ден од неговиот живот.

Марјан Костов-Маци е роден на 13.10. 1991 година во с. Сопот, Кавадарци. Моментално е студент во трета годна на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, при Филолошкиот факултете “Блаже Конески”-Скопје.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи