Манифестација за македонските автори и книги

Од:

По повод 23 април – Светскиот ден на книгата, Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје во своите три книжарници од утре до 5 април ќе ја организира манифестацијата “П(р)очит за македонските автори и дела“.

Станува збор за дела на повеќе од сто автори во издание на “Феникс“ и “Македонија Презент“, кои ќе се продаваат со попусти од 50-80 отсто, а сите посетители на манифестацијата во наредните две седмици, бесплатно ќе бидат зачленети и ќе добијат легитимации на Клубот на книгата “Феникс“ за постојан попуст во текот на целата година.

Инаку, на манифестацијата “П(р)очит за македонските автори и дела“, меѓу другите, ќе бидат претставени книгите на: Радован Павловски, Ристо Јачев, Ката Мисиркова Руменова, Љубе Цветановски, Јордан Плевнеш, Христо Петрески, Киро Донев, Велко Неделковски, Трајче Кацаров, Панде Манојлов, Билјана Станковска, Софе Штерјоски, Ерол Туфан, Васил Толевски, Зоран Пејковски и други.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска