Манифестација „Ѓура Мара“ во гевгелиско Миравци

Од:

Најстарата автентична фолклорна манифестација „Ѓура Мара“ се одржа денеска во гевгелиското село Миравци. Манифестацијата традиционално се одржува на третиот ден од Велигден во организација на локалното фолклорно друштво „Танец“.

Според легендата, како што појаснија организаторите, преку орото што го играа само девојки и жени, се прикажува грабнувањето на убавата мома Мара од турските војници и нејзиното ослободување од братот Ѓуро.

– Нашата традиција која е стара повеќе од еден век се трудиме секоја година да ја организираме подобро од претходната и тоа настојување придонесе нашето мало место да стане познато и во меѓународни рамки, рекоа организаторите и нагласија дека покрај нив на манифестацијата годинава учествувале уште КУД „Пријатељи“ од збратимената општина Јабланица од Босна и Херцеговина и фолклорните друштва „Браќа Минкови“ и „Кирил и Методиј“ од струмичкото село Куклиш.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on