Мал новогодишен саем на книги

Од:

Издавачките куќи Темплум, Бегемот, Готен, Блесок, Сигма Прес, Слово, Кликер, Везилка од 21 декември (понеделник) до 26 декември, во Клуб ГЕМ, во Старата чаршија, организираат Мал новогодишен саем. Ќе бидат претставени најновите изданија, а ќе можат да се купат и некои од старите и ретки книги на овие издавачи по намалени цени.

На овој Саем ќе биде доделена традиционалната награда „Новите“ што Темплум ја доделува за најдора дебитантска книга, а ќе биде промовирана и книгата „Што е груевизам“, најновото издание на овој издавач.

12399260_10208358387092495_479023993_n
Програма:

Понеделник, 21.12.

-Темплум ретро – промотивна продажба на стари изданија на Темплум

Во текот на целиот ден, старите и ретки изданија на Темплум од 1990-тите години ќе се продаваат по промотивна цена од 100 денари.

Вторник, 22.12., 20 часот

„Пак ли поезија?“ – поетско читање
12395489_10208358388292525_1209554936_n
Учествуваат: Александар Маџаровски, Ана Голејшка, Исток Улчар, Ѓоко Здравески, Николина Андова Шопова, Снежана Стојчевска, Биљана Стојановска, Андреј Ал-Асади

Среда, 23.12.

-Катапултирање

Промотивна продажба на сите изданија од едицијата Катапулт на издавачката куќа Темплум! По повод 10-годишнината од конкурсот „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, сите книги од едицијата Катапулт, во која се објавуваат победниците на „Новите!“, ќе се продаваат по цена од 50 денари.

Четврток, 24.12., 20 часот12395278_10208358386092470_2047512995_n

-Промоција на романот „Бело и црвено“ од Михајло Свидерски, победник на „Новите!“ за 2014 година

За книгата ќе зборува Марта Маркоска, со авторот ќе разговара Иван Шопов, а извадоци од книгата ќе чита Елена Пренџова.

Кусиот роман на Свидерски ги следи најдраматичните епизоди од животот на белогардеецот Тихон Кирилович Василев, кој пред налетот на Октомвриската револуција бега од Петроград преку Киев, Крим, Истанбул, па стигнува до Битола, за на крајот да заврши на Голи Оток.

Иако сместена во специфични историски околности, приказната што авторот ја раскажува како првенствено да има цел да ни ја прикаже универзалната апсурдност и суровоста на историските епизоди и големите приказни среде кои е вклештен и изгубен еден обичен човек. Настрана од сите идеологии, борби и каузи, стојат страдањето, суровоста, разочарувањето поради скршените илузии, изместеноста и невдоменоста што ги носи егзилот… А среде големите промени на историската мапа, светот нема време да се занимава со поединечните судбини на огорчените несреќници врз чии глави се кршат копјата.

Петок, 25.12., 12 часот

-Доделување на наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис за 2015 година.

Во најтесен избор влегоа Сања Михајловиќ Костадиновска, Д. Јанков, Иво Петровски, Јагода Василевска и Јордан Николов. Извадоци од нивните ракописи можете да прочитате овде.

-Промоција на едицијата „Во пет кај вртелешките“ на издавачката куќа Темплум, во која се објавени сликовниците „Глувци и мачки наопачки“ од Луко Паљетак, „Цветот што носи среќа“ од Михо Атанасовски и „Плишаниот зајак“ од Марџори Вилијамс.

-Промотивна продажба на книгата „Митизација на реалноста“ од Бруно Шулц, во издание на Бегемот и изложба на негови цртежи. Продажбата и изложбата ќе траат и наредниот ден, 26 декември.

Сабота, 26.12., 20 часот

Промоција на книгата „Што е груевизам“

Перформанс на групата „Груевистички сведоци“

Од предговорот на Никола Гелевски: „Книгата не е толку портрет на еден забеган владетел, колку историски документ. Десетте години на груевизмот се најлошата деценија во Македонија во последниве стотина години (ако ги исклучиме двете светски војни, се разбира). Застрашувачки е степенот до кој се уништени иституциите, опљачкани граѓаните, натерани на емиграција стотици илјади луѓе исто толку сотрени или разболени. Долговите земени за криминалните потреби на режимот ќе ги враќаат неколку генерации. Цената одново ќе биде беда, сиромаштија, смрт. (…) Втора важна причина за книгава е желбата да ги издвојам храбрите луѓе што му се спротивставија на опустошувачкото јато скакулци. Можев да вклучам уште барем исто толку луѓе, но граница некаде морав да ставам. Книгава сака да потсети и на медиумите во кои изминативе години сепак беше можно (и покрај големите притисоци од страна на режимот) да се слушне и поинакво мислење од она на власта.“

Работно времена Саемот од 11до 21 часот. Во деновите кога има вечерен настан, саемот е отворен до 22 часот. На 23 (среда) и 24 (четврток) саемот нема да работи од 18 до 20 часот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска