Мал драмски театар-Битола ја освои втората награда на „Екс Понто“ во Љубљана

Од:

Претставата „Столови“ на Мал драмски театар-Битола ја освои втората награда на јубилејниот 20-ти по ред меѓународен театарски фестивал „Екс Понто“, кој се одржа во главниот словенечки град Љубљана.

Според востановената фестивалска традиција, изборот на најдобрите театарски претстави го врши само публиката, оценувајќи ги со оцена од 1 до 5 (1 најниска оцена, 5 највисока оцена) и во конкуренција на театри од Унгарија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Германија, Косово, Словачка и Франција, претставникот од Македонија, актерите на Мал драмски театар-Битола ја освоија втората награда со оцена 4,6 .

– Годинава за најдобри со оцена 4,7 прогласени се претставите „55 +“ во изведба на актерите од театарот „Монтажстрој“-Загреб, Хрватска и претставата „Едно мало радио“ на сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија, Бугарија. Втората награда ни припадна нам, додека третата награда со оцена 4,3 е доделена за претставата „Анамнеза“ на театарот „Јожеф Катона“ од Будимпешта, Унгарија, изјави за МИА Благој Стефановски, основач и менаџер на Мал драмски театар-Битола.

Претставата „Столови“ од Ежен Јонеско во режија на Љупчо Ѓоргиевски во која настапуваат македонската глумица Јоана Поповска и бугарскиот актер Анастас Поп Димитров вечер ќе биде одиграна на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање