„Мал дисконтинуитет во времепросторот” награден во Нови Сад

Од:

Филмот „Мал дисконтинуитет во времепросторот” на режисерот Гоце Цветановски, кој пред десетина дена беше награден во Белград, повторно доби награда за најдобар регионален краток филм на 12-тиот фестивал „Филмски фронт“ во Нови Сад.

– Приказната за фотографот кој има невидлив посетител во станот ја одушеви српската публика и жирито, а актерскиот тандем Висар Вишка – Драгана Левенска беше спореден со легендарните Марчело Мастројани и Софија Лорен. Филмот викендов учествуваше и на Меѓународниот филмски фестивал во Хоф, Германија, а во ноември ќе биде прикажан во Тирана и во Њујорк, соопшти продукцијата.

Филмот е независна копродукција меѓу шест филмски компании од Македонија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он