Македонските културни оператори запознаени со програмите Креативна Европа

Од:

Целите, приоритетите и критериумите за користење на програмите и потпрограмите Креативна Европа, како и хрватското искуство со програмата и базите за барање на партнери, беа претставени пред македонските културни оператори, на денешната работилница во организација на Министерството за култура на Македонија во соработка со хрватското Министерство за култура.

Анера Стопфер од Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Република Хрватска посочи дека Европската унија става акцент на заедничкото историско и културно наследство, што на некој начин не обединува и тоа да се искористи за дополнително поврзување.

– Партнерствата се основа на овие повици. На некој начин како да не е толку битно квалитетот и содржината на културата, туку повеќе културата е средство за зближување на луѓето од ЕУ. Не треба да се откажете од вашите цели, но треба да се прилагодите на приоритетите. Можеби од оваа страна ние го гледаме ова како извор на средства, но од друга страна во земји каде финансиите не се толлку голем проблем, на ова гледаат како извор на нови идеи, контакти и искуства, изјави Стопфер.

Посочи дека според досегашното искуство за подготвување на проект се потребни од три месеци, па се до многу пократко време и до две недели.

Според Билјана Прентоска од Канцеларија за Креативна Европа – Култура на Република Македонија, проектите кои се развиваат како приоритети треба да ги имаат транснационалната мобилност и соработка, развој на публиката преку зголемена интеракција и поврзување со неа, јакнење на креативни достигнувања, градењето капацитети и интеграција на мигрантите во ЕУ преку конкретни културни и аудиовизуелни активности.

– Повикот има две категории. Проекти за соработка со помал обем, за кои потребни се минимум три организации од три земји, со буџет до 200.000 евра, од кои 40 проценти треба да се обезбедат од други извори. Втората категорија се проекти со буџет до 2 милиони евра и 50 проценти кофинансирање за кој може да аплицираат најамлку шест организации од шест различни земји. Може да се користи поддршка закофинансирање и од Министерството за култура. Рокот за имплементација на проектите е од 24 до 48 месеци, изјави Прентоска.

Неофицијално посочи дека годинава ќе има и трета категорија за проекти за одбележување на Европската година на културното наследство за 2018 година.

– Апликациите се доставуваат електронски на веб страницата на Извршната агенција. Имате технички насоки за пополнување на електронскиот формурал и сите дополнителни документи. Прво мора да се регистрирате на порталот на учесници и да обезбедите код за идентификација. Можете да не посетите во нашата канцеларија или не повикате да ви помогнеме околу овие технички постапки, изјави Прентоска.

Појасни дека селекцијата на проектите не се врши на национално ниво, туку од независни оценувачи во Брисел, врз основа на критериуми за наградување.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ