Mакедонските и бугарските писатели ja интензивираат соработка

Од:

Друштвото на писателите на Македонија и Сојузот на бугарските писатели во Софија, в понеделник ќе потпишат договор за соработка.

Како што соопшти ДПМ, договорот ќе го потпишат претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Раде Силјан и претседателот на Сојузот на бугарските писатели Николај Петев. Документот предвидува соработка меѓу литературните манифестации, како и преведување дела од македонски на бугарски јазик и обратно.

– Со документот се планира учество на писатели од двете земји на литературни конференции и симпозиуми, како и размена на тематски броеви од доменот на периодиката, стои во соопштението од Друштвото на писателите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Романот „Доилката“ од Лилјана Пандева преведен на руски јазик

Ана Ололовска

Дваесет наслови во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Ана Ололовска

Книга и изложба за сценографот Живојин Трајановиќ

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Зошто јас?“ од Мартин Јовановски

Ана Ололовска

Промовирана публикацијата „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“

Ана Ололовска

Промоција на зборникот „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“

Ана Ололовска

Leave a Comment

10 + 5 =