Македонскиот книжевен Дедал за бугарскиот автор Роман Кисјов

Од:

Во рамки на Седмата македонска книжевна визита вечерва во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на бугарскиот поет, преведувач и сликар Роман Кисјов му беше врачена наградата „Македонски книжевен Дедал“ за 2014 година.

Наградата, како што истакна Владимир Цветкоски уредник на книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, кое е организаторот на манифестацијата, се доделува за особен придонес и сериозните заложби на Кисјов за промоција на македонската култура во бугарските литетартурни кругови, за особен творечки дигните и за зближување на македонските и бугарските кругови..

– Она што го цениме како доделувачи на оваа награда е неговата навистина плодна преведувачка дејност во која тој има опфатено цела една низа македонски современи, па и постари поети во превод и публикувани во најпрестижните бугарски литературни списанија и весници. Меѓу нив се вбојуваат Ацо Шопов, Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, …..Толку многу преводи, толку многу познанства. Верувам дека Кисјов веќе си има создадено огромна база на читалеи на неговата поезија во Македонија и на луѓе кои скаат и да ги преведе и да го преведуваат, рече Цветкоски.

Кисјов заблагодарувајќи се за наградата се осврна на мотивите кои го навеле да се зафати со преведување на македонската литература, а кое вели, не било нешто што се случило според однапред подготвен план туку спонтано откривајќи ги големите македонски поети. Според него не е поетот тој кој ја избира поезијата, туку поезијата го избира поетот, а зборот и луѓето дух се тие кои може да зближуваат.

– Сега сфаќам небаре македонската поезија ме избра мене. Ја чувствувам како блиска и открив во нема нешта кои ми недостигаа во мојата поезија. Тоа е една многу јасно изразена линија во современата македонска поезија на сакралното, свештеното, метафизичкото, поччитта кон древноста изразена на еден модерен начин, на современ јазик. Друго што ми остава впечаток е една неверојатна почит и чувство кон поезијата во Македонија. Продолжете да ја негувата таа почит кон оваа духовна градина, истакна Кисјов.

Тој потенцира дека наградата е многу важна за него бидејќи е симбол на вистинско пријателство и блискост со македонскиот поет и преведувач Бранко Цветкоски и Макавеј кои како жив мост со бројните преводи на бугарски автори на македонски и на македонски автори на бугарски јазик придонесоа за зближување на двете култури.

Роман Кисјов е роден 1962 година во Казанлак Бугарија, а живее и твори во Софија. Автор е на повеќе стихозбирки, вклучен е во повеќе антологии во земјите од регионот и пошироко, а објавувал и во бројни авторитетни литертурни списанија во Европа и Индија. Преведуван е на 10-тина јазици и бил дел од повеќе поетски фестивали.

За својата прва поетска книга „Вратите на рајот“ во 1995 година ја добива националната награда за поезија на најстарото издаваштво во Бугарија – „Христо Г. Данов“, а истата година е лауреат и на наградата за култура и уметност „Сексагинта Приста“ во градот Русе. Во својство на преведувач на македонската литература Кисјов е вклучен и во европскиот литературен проект Jorney Accros Europe. Remeasuring Cultural Spaces (2010-2011).

Седмата македонска книжевна визита беше заокружена со поетска средба со повеќе бугарски поети кои читаа своја поезија. Меѓу нив Петар Караангов, Евтим Евтимов, Здравка Итева, Екатерина Јосифова, Антоанета Николова, Роман Кисјов, Аксимија Михајлова, Цветанка Еленкова, Нина Ненчева, Иван Христов и Поли Муканова.

Вчера манифестацијата беше отворена со портрет на Раде Силјан, еден од бардовите на македонската поезија, а се одржа и вечер на македонска поезија со учество на Веле Смилевски, Санде Стојчевски, Раде Силјан, Бранко Цветкоски, Братисла Ташковски, Виолета Танчева Златева, Славе Ѓорго Димовски, Кочо Топузовски, Трајче Кацаров и Диме Ратајковски.

Првата Македонска книжевна визита се одржа во Софија во 2006 година. Соорганизатор на манифестацијата е МКИЦ во Бугарија, а е поддржана од Министерстѕвото за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање