Македонски поети на меѓународен фестивал на книгата во Риека

Од:

Поетите Христо Петрески, Мерсиха Исмајлоска, Петко Шипинкаровски и Марина Мијаковска од утре до 9 ноември ќе учествуваат на меѓународниот книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“ во Риека, Хрватска.

Во Македонското културно друштво „Илинден“ во Риека утревечер ќе биде  промовирана поетската книга – двојазичник „Од еден на друг брег“/„Од једне до друге обале“ што неодамна ја објави Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга, заеднички проект со Хрватското книжевно друштво од Риека. Во книгата се застапени по 14 автори на македонски и на хрватски јазик од охридско-струшката и од риечката ривиера. Препевот на хрватските автори го направи Петко Шипинкаровски, а на македонските Слободан Јовичиќ.

На фестивалот ќе биде промовирана и  ревијата за книжевност „Бранувања“, со осврт на нејзиното петгодишно постоење и пријателските македонско-хрватски односи што ги развиваат здружението „Бран“ од Струга и Хрватското книжевно друштво непопсредно и преку ревијата за книжевност „Бранувања“ и списанието „Книжевно перо“.

Во рамки на фестивалот ќе бидат промоврани и „Славејот кој пееше ноќе сам“ и „Под потковицата на коњот“ од Христо Петрески, есеите „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ на Петко Шипинкаровски и книгата раскази „Нова приказна“ на Мерсиха Исмајлоска. Македонските поети ќе се претстават и со дел од своето творештво – поезија на поетски читања што ќе се одржуваат во Риека и Опатија.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“