Македонски писатели учествуваат на саемот на книга во Лајпциг

Од:

Ермис Лафазановски, Јовица Ивановски и Ким Мехмети  учествуваат на Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг. И годинашното учество на македонски писатели на оваа книжевна манифестација во Германија го организира издавачката куќа „Готен“, во рамки на нејзината повеќегодишна соработка со лајпцишкиот саем и со мрежата „Традуки“.

Писателите  Лафазановски, Ивановски и Мехмети се избрани да учествуваат затоа што се во преговори за издавање нивни дела на германски јазик. Ким Мехмети веќе е објавен на германски  од издавачката куќа „Драва“ од Целовец, Австрија.

– Гоце Смилевски не можеше да учествува на саемот поради претходно договорена промотивна турнеја во Италија, а сериозно се разговараше и за гостувањето на Јордан Плевнеш, чија книга „Осмото светско чудо“ е, исто така, во процес на преведување на германски. Роберт Алаѓозовски, кој е и координатор на проектот, на саемот ќе учествува во рамките на специјалниот регионален проект на белградското списание „Бетон“, информира „Готен“.

Македонските автори ќе и бидат претставени  на германската јавност со каталог од извадоци од нивните дела преведени на германски јазик, што специјално за годинашното издание на саемот го подготви издавачот „Готен“. Каталогот ќе им биде раздаден на претставници на издавачките куќи присутни на саемот, на авторски агенции, книжевни агенти и други застапници кои посредуваат во објавувањето на авторските дела на меѓународниот пазар на книги.

Писателите од Македонија ќе настапат на неколку книжевни разговори, читања и претставувања во рамките на програмата „Литература од Југоисточна Европа“, традиционално организирана од „Традуки“. На „Балканска ноќ“, еден од најголемите настани, со свое читање и разговор ќе настапи Ермис Лафазановски. Македонските писатели ќе бидат гости на заедничкиот штанд на мрежата „Традуки“ и земјите од регионот. По читањата посетителите ќе имаат можност да пробаат и македонски вина од сортата вранец, што за претставувањето беа донирани од винаријата „Сковин“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска