Македонски музички документарци на фестивал во Хрватска

Од:

Единаесет краткометражни и два концертни филмови од македонски автори ќе бидат прикажани на петтото издание на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Стариград-Пакленица (СПФФ), што ќе се одржува од 2 до 7 август на јадранското крајбрежје.

Годинава земја партнер е Македонија. По тој повод, во рамки на фестивалот ќе се одржи Македонска недела на која ќе бидат прикажани филмовите од македонски автори, според селекција на Ненад Георгиевски, музички новинар и автор на еден од филмовите.

Филмовите што ќе се прикажат се „Ако никој не свири“ во режија на Ѓорѓи Јаневски, „Bei The Fish:The story behind“ во режија на Bei The Fish, „Soundless fall of gravitation“- хрватско-германска копродукција во режија на Саша Орешковиќ, „Современа музика за модерната ера-Кирил Џајковски“ во режија на Ненад Георгиевски, концертниот филм „Љубојна“, „Мизар:Ѕвездата на надежта“ во режија на Марко Џамбазовски, „Влатко Стефановски: Ритамот на Балканот“ во режија на Небојша Грабеж, „103 љубовно писмо до алтернативната култура“ во режија на Синиша Евтимов…

Георгиевски на денешната средба со новинарите посочи дека знаел точно кои филмови се идеални за фестивалот, а за некои добил насоки од пријателите.

– Имаме и премиерни прикажувања, како „Шутка рома рап: I am underground“ и за Стринг Форсис, рече Георгиевски.

Директорот на фестивалот Адмир Чулумаревиќ истакна дека фестивалот расте од година во година. Според него, жирото ќе има тешка задача за да ги додели наградите.

Како уметник од Македонија ќе присуствува и Влатко Стефановски, во функција член на жири-комисијата, заедно со „Мањифико“ од Словенија и Роџер Рос Вилијамс од САД, кои ќе ја донесат одлуката за најдобар документарен филм, најдобро сценарио и најдобра камера за 2014 година.

Македонската недела на СПФФ е овозможена од Министерството за култура, како проект од национален интерес.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

„Крпен рурален живот“ – краток документарец за борбата на руралната жена во општеството

Ана Ололовска