Македонски искуства презентирани на Фестивал на европски филм во Севилја

Од:

Директори и програмски директори на европски кина од Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија, Хрватска, Србија, Грција, Холандија, Белгија, Чешка, Романија и од Македонија, учествуваа на 11. Фестивал на европски филм во шпанскиот град Севилја.

Македонските искуства и македонското кино на фестивалот во Севилја ги презентираше директорот на НУ Центар за култура-Битола Борче Димитровски, кој изјави дека традиционалниот стручен семинар на„Europa Cinemas“ овојпат беше посветен на развивање и поддршка на кино публика.

– Овој семинар е доста значаен за Центар за култура-Битола бидејќи ги отвора клучните прашања за развој на кино публиката која е најзначајна за животот и функционирањето на едно кино. Дискусиите на семинарот и бројните конкретни примери се водилка за понатамошно развивање на кино дејноста и нудење нови инвентивни модели за привлекување различни генерации на публика во киносалите. Ние како членка во мрежата на Europa Cinemas, веќе 10 години сме дел од тоа големо семејство и придобивките се видливи и значајни, изјави Димитровски по враќањето од Севилја.

На Фестивалот на европски филм во Севилја со свои презентации и видувања на за актуелната тема настапиле и Хозе Луис Кифуенго, директор на фестивалот во Севилја и Клод Ерик – Поаро, генерален директор на Europa Cinemas, директорот на ИФФ во Ротердам Рутгер Волфсон,  Аса Гарнет одговорна за односи со јавност и комуникации на Фестивалот во Сараево, Марко Одасо, експерт за социјални медиуми и други претставници на европското кино.

– За посебно значајни ги сметам контактите со Мадлен Пробст, потпретседател на Europa Cinemas, продуцент, директор на киното во Вотершид, и Џон Баранечеа, одговорен на секторот за развој на проекти во „Picture House Cinemas“ Велика Британија, и Иво Андрле директор на кино дистрибуциска куќа „Аеро филмс“ во Чешка, кој беше прогласен за најдобар европски претприемач во кино дејноста за 2014 година. Мислам дека учеството на овој настан беше корисна и добра инвестиција на нашиот поддржувач, Агенцијата на филм на Република Македонија, рече Димитровски.

Со поддршка на Europa Cinemas, како и со домашниот Филмски фонд (сега Агенција за филм), Министерството за култура и општина Битола, пред повеќе од една година беше реализирана дигитализација за врвни кинопрокеции во големата сала на НУ Центар за култура-Битола. 

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он