Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Од:

На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот, сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена кинотечна награда „Златен објектив“.

-Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на седмата уметност и филмското образование, соопшти Кинотеката.

Ќе бидат прикажани неговите документарни филмови „Оган“, „Дае“, „Австралија, Австралија“ и играните „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „До Балчак“.

Покрај филмови од Попов, мајската програма на Кинотеката ќе прикаже и ретроспектива на кратки македонски филмови на режисерите Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова, новиот документарен филм на Игор Иванов – „Време на бетон“. Исто така и „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Горан Паскаљевиќ, како и документарецот „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ.

-На менито на Кинотека месецов се наоѓа и промоцијата на новиот филм потпишан од францускиот кинопровокатор Франсоа Озон – „Питер фон Кант“. Се работи за еден интересен, постмодерен осврт и своевиден римејк на делата потпишани и креирани од легендата на германскиот нов бран, Рајнер Вернер Фасбиндер, соопшти Кинотеката.

Во рамки на програмата за овој месец, од 13 до 18 мај во Кинотеката ќе биде организирана и Недела на италијанскиот филм.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ