Македонски автори на поетски фестивал во Словенија

Од:

Мекедонски поети втора година по ред ќе се претстават на седмото по ред издание на меѓународниот поетски фестивал „Млади рими“ во Љубљана, Словенија.

На Фестивалот ќе настапат Снежана Стојчевска и Ана Голејшка од Скопје, Лидија Димковска која живее и работи во Љубљана и Бистра Кумбароска од Виена.

Пред словенечката јавност, дел од творештвото на македонските поети ќе биде претставено и во препев на словенечки јазик. Словенечката читателска публика ќе биде запознаена со уметничките вредности на поетското творештво на овие млади автори кои се нова движечка сила на современата македонска книжевност.

Покрај домашните словенечки автори, и авторите од Македонија, на фестивалот ќе настапат и поети од Ирска, Англија, Италија, Шпанија, Хрватска и од Србија.

Фестивалот „Млади рими“, трае од 16 до 30 јуни и се одржува како завршна манифестација по низа редовни поетски читања одржани во текот на календарската година, на кои се претставуваат млади словенечки поети.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска