Македонската кинематографија и „Мајки“ пред јапонската публика

Од:

На Универзитетот Тцукуба во Токио се одржа презентација на македонската кинематографија, а беше прикажан и филмот „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски.

majkiMM

Денот посветен на македонската кинематографија е дел од двонеделниот симпозиум на тема „Филмови од поранешните југословенските кинематографии“ што го организира Асоцијацијата за проучување на југословенската кинематографија.

Презентација ја отвори проф. д-р Андријана Цветковиќ, визитинг професор на Кјото Универзитетот.

Таа со своето предавање ги запознала присутните со историјата на Македонија и македонскиот филм, но и филмското дело на режисерот Манчевски.

Андријана Цветковиќ, која веќе седум години живее и работи во Јапонија и е специјалист по јапонска кинематографија, истакна дека и е особено задоволство да ја претставува македонската кинематографија пред јапонската публика.

Според неа, филмовите на режисерот Милчо Манчевски добро и се познати на јапонската публика. По презентацијата и проекцијата на филмот се остварила конференциска видео-врска со режисерот Манчевски во сесија со прашања и одговори со публиката.

На симпозиумот присуствувале истакнати научници, професори, новинари, филмски критичари, вљубеници во Македонија и македонскиот филм, како и неколку Македонци кои живеат и работат во Јапонија.

Официјалните претставници на економската канцеларија во Токио на присутните им поделиле рекламен материјал за Македонија.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ