Македонската филхармонија ќе ја изведе култната Петта симфонија на Малер

Од:

„Танц на судбината“ е насловот на концертот на Македонската филхармонија, што под диригентство маестро Емил Табаков од Бугарија, ќе се одржи вечер во Домот на АРМ во 20 часот.

Филхармонијата ќе ја изведе грандиозната Петта симфонија од австрискиот композитор Густав Малер, како и познатиот Концерт за пијано и оркестар бр.1 од унгарскиот композитор Франц Лист, каде како солист ќе се претстави хрватската и светска пијанистка Мартина Фиљак.

За големиот австриски композитор со еврејско потекло, Густав Малер (1860 – 1911), едногласни се изведувачите, но и публиката во мислењето: „Да се диригира, да се слуша и да се изведува Малер е единствено искуство“. Диригентот Даниел Рајскин ќе каже и дека често се поставува прашањето дали е некој дораснат да го изведува Малер и да ја сфати генијалноста и едноставноста на неговата музика.

Густав Малер има култно место во историјата на класичната музика. Неговата Петта симфонија (1901-1903) се смета и за една од најдобрите на овој исклучителен автор. Оваа хумана партитура е посветена на неговата сопруга Алма Малер и ни открива личност способна да им пркоси на новите слабости и многубројните внатрешни превирања.

Мартина Фиљак (1978) се вбројува меѓу најталентираните хрватски музичари од помладата генерација, која со својата страсна и лирска изведба и техничка перфекција ја воодушевува меѓународната јавност како уметница со „магнетска сценска присутност“.

Родена во семeјство на музичари, ќерка на пијанистот Ранко Фиљак, пијано почнала да учи на пет години, а веќе во шестата првпат јавно настапила. Образованието го стекнала на Музичката академија во Загреб и на Конзерваториумот во Виена, во класата на Владимир Крпан, а потоа во реномираната класа за солисти во Хановер.

Во 2009  година, Фиљак освојува златен медал на реномираниот Меѓународен натпревар во Кливленд, а набргу потоа дебитира во „Концертхаус“ во Берлин, „Музиквереин“ во Виена, „Карнеги хол“ во Њујорк…. Магазинот „Њујорк тајмс“ за неа напиша дека поседува „живописна и привлечна сценска присутност…, снаодливост во техниката и природна музикалност… Пијанистката е вредна за внимание…“

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска