Македонската филхармонија ќе гостува во Свети Николе

Од:

Македонската филхармонија, вечер во 20 часот, ќе одржи концерт во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе.

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, оркестарот ќе изведе дела од Дворжак, Чајковски, Маскањи, Брамс, Хачатуријан, Офенбах, Штраус, Бернштајн, како и две од македонските композитори – Благој Цанев („Овчеполска свита“) и Сони Петровски („Пијан танец-Пајдушко“).

Со овој концерт, Македонската филхармонија ја продолжува традицијата на гостувања во градовите низ Републиката.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура на  Македонија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска