Македонската филхармонија и пијанистот Давид Фре со омаж кон семејството Бах

Од:

Македонската филхармонија задутревечер во МОБ ќе го изведе концертот „Величественото семејство Бах“.

На ова уникатно музичко доживување, како што соопшти Филхармонијата, ќе се претстави еден од најталентираните млади пијанисти на денешницата Давид Фре од Франција, именуван за откритие на годината од музичкото списание на Би-Би-Си.

Фре, кој настапува во најпрестижните концертни сали, на македонскиот подиум ќе го изведе исклучително иновативниот Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Јохан Себастијан Бах кој истовремено ќе го диригира од пијаното. На програмата се и Бранденбуршкиот концерт бр. 3 и познатата Арија од Оркестарската свита бр. 3 на Јохан Себастијан Бах, а својата македонска премиера ќе ја доживеат Симфонија Ф-дур од Вилхелм Фридеман Бах и Симфонија Д-дур од Јохан Кристоф Фридрих Бах, двајцата синови на великанот Јохан Себастијан, продолжувачи на музичката традиција на нивниот татко.

Концертот е организиран во соработка со Францускиот институт во Скопје.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска