Македонска вечер во Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија

Од:

Баритонот Ристе Велков и поетот Томе Велков вчера настапија на „Македонската вечер” во Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија.

Во музичкиот дел од вечерта беа исполнети композиции од македонските автори Прокопиев, Скаловски, Фирфов, традиционалната Т’рба,Т’рби Гевгелиска и неколку популарни неаполитански песни, а беа читани и стихови од стихозбирката „Чудно време” од авторот Томе Велков.

Во ликовниот дел од вечерта беше претставена изложбата „Порти” од ликовниот уметник Марјан Ѕин. Настанот го отворија директорот на Културно-информативниот центар во Софија Васко Шутаров и директорката на Музичкиот центар, Елена Драгостинова.

„Македонската вечер” во Софија беше реализирана во соработка помеѓу КИЦ на Р. Македонија во Софија и Музичкиот центар „Борис Христов” кои во изминатите неколку години заеднички имаат реализирано десетина музички настани на кои беа претставени познати македонски музички уметници.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска