„Македоника литера“ ќе учествува на меѓународен издавачки е-семинар во Кина

Од:

Менаџери на издавачки куќи од десетина земји со кои соработуваат кинеските издавачи ќе учествуваат на меѓународен е-семинар кој в понеделник (11 мај) во Пекинг ќе го организира Кинеската меѓународна издавачка групација (ЦИПГ). На семинарот ќе учествува и Нове Цветаноски, директор на Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“.

Поради новата ситуација во светот и ограничувањата за патување, семинарот ќе се одржи комбинирано – конференциски за учесниците од Кина, а преку интернет-комуникација ќе учествуваат издавачи од Шпанија, Германија, Јужна Кореја, САД, Индонезија, Индија, Турција и Македонија.

Како што соопшти издавачката куќа „Македоника литера“, преку интернет-дискусијата ќе се разговара на неколку панел-сесии посветени на: влијанието на пандемијата врз меѓународната издавачка продукција; влијанието и промените во кинеското издаваштво; влијанието и промените од пандемијата врз формите и содржините за читање на читателите; приспособување на издавачката индустрија на променливата состојба на епидемијата; и за можностите за натамошен развој, соработка и комуникација во издавачката индустрија. Целиот настан и целиот процес ќе бидат снимени, а потоа и јавно достапни.

Кинеската меѓународна издавачка групација (ЦИПГ) веќе неколку години, традиционално во мај, организира меѓународни семинари кои се одржуваат во Пекинг.

-„Македоника литера“ последниве две години има продуктивна соработка со издавачката куќа „Делфин букс“, која е член на ЦИПГ. Директорот на „Македоника литера“ Нове Цветаноски, минатата година учествуваше на неколку семинари и форуми за издаваштвото што се одржаа во Пекинг, соопшти „Македоника литера“, која е член на Унијата на издавачи 16 + 1 од основањето, а во последните две години објави повеќе од 30 кинески книги.

Во соработка со „Делфин букс“ досега копродукциски објави 13 тома од едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“, а за годинава се подготвува нова едиција книги за младите читатели. „Делфин букс е специјализирана издавачка куќа за книги за деца и млади и е водечка кинеска издавачка куќа во таа област во меѓународната соработка на кинеското издаваштво.

Кинеската меѓународна издавачка групација (ЦИПГ) е глобална медиумска корпорација и е лидер во меѓународната соработка на Кина во издаваштвото, основана во 1949 година. Има 26 претставништва во 14 земји и региони, а секоја година повеќе од 4000 книги се објавуваат на повеќе од 40 јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска