Македонија во фокусот на 24. Саем на книгата во Истра

Од:

Од денеска до 9 декември, Република Македонија ќе биде претставена како земја во фокусот на 24. издание на Меѓународниот саем на книгата во хрватскиот град Пула, соопшти Министерството за култура.

Ова е трето претставување на авторите од Република Македонија и нивното творештво на големите регионални и светски саемски манифестации, по тоа на саемите во Франкфурт и Тирана.

Во рамките на програмата која е насловена како „Македонија чита“, пред хрватската јавност и посетителите од регионот, со финансиска поддршка на Министерството за култура, ќе бидат реализирани повеќе панели, работилници, дебати на кои ќе земат учество неколку автори како Никола Маџиров, Лидија Димковска, Елизабета Шелева, Артан Садику, Љуљзим Хазири…, а посебно внимание ќе му биде посветено на творештвото на големиот Горан Стефановски, информираат од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска: морето во Истра ги поплави плажите

Земјотрес меѓу Истра и Италија

Во Истра уапсени 27 луѓе за кои постои сомнеж дека лажирале сообраќајни несреќи

Дојава за бомба во училиште во Истра, учениците евакуирани