Македонија ќе биде претставена на Балканскиот филмски фестивал во Истанбул

Од:

Заменик-министерот за култура и туризам на Република Турција Ахмет Мисбах Демирџан и претставниците на Генералниот директорат за кинематографија на Република Турција одржаа низа средби во Северна Македонија во рамки на подготвителните активности за одржувањето на годинашното издание на Балканскиот филмски фестивал.

Како што соопштија од Турската амбасада, како резултат на овие средби на кои присуствуваа претставниците од филмскиот сектор на Република Северна Македонија, беа утврдени генералните црти на Балканскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи во Истанбул. Фестивалот има за цел да ги обедини претставниците од филмскиот сектор на балканските земји и да ги зголеми нивните заеднички културни активности и комуникации.

На средбите чиј домаќин беше амбасадорот на Република Турција Хасан Мехмет Секизќок, присуствуваа и генералниот директор за кинематографија на Република Турција Еркин Јилмаз и советничката за култура и промоција на Република Турција во Скопје Чигдем Ѓуллу.

-За оваа цел, заменик-министерот за култура и туризам на Република Турција Ахмет Мисбах Демирџан оствари средби со министерката за култура Ирена Стефоска, директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазеревски, директорот на Вардар Филм Сани Саиди, директорот на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ Симеон Дамевски и продуцентот на филмот „Медена земја“ Атанас Георгиев, наведуваат од Амбасадата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ