Македонија со богата програма ќе ја одбележува Европската година на културното наследство

Од:

Утре во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) пред стручната и пошироката јавност ќе ја презентира подготвената Годишна програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018. На настанот, освен директорката на УЗКН, Елеонора Петрова – Митевска, ќе говорат и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски и амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Самуел Жбогар.

Годишната програма на утрешниот настан ќе ја претстави м-р Кристина Бицева, координатор на Управата. Во текот на вчерашниот ден, министерот Алаѓозовски и директорката Петрова остварија подолг состанок со амбасадорот Жбогар, на кој детално се разгледуваа аспектите на одбележување на Европската година на културно наследство, програмата и предвидените настани и активности.

Инаку, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство со одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија. Целта на иницијативата е да го промовира значењето на европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности. Активностите и проектите на земјите – членки на ЕУ ќе опфатат неколку теми, а посебно внимание ќе биде посветено на вклученоста на населението од најразлична возраст во зачувување на културното наследство, одржливоста на културното наследство во процесот на транзиција и во туризмот, зачувување на културното наследство и иновација во насока на подобрени вештини на професионалците од областа на заштитата на културното наследство, како и на сите оние кои се вклучени во неговото зачувување и презентација.

„Иако Република Македонија сè уште не е полноправна членка на Европската Унија, сепак Управата за заштита на културното наследство го препозна значењето на дадените рамковни теми на Годината, кои се блиски до нејзините заложби и изготви Програма под слоганот „Нашето наследство – европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштитата на културното наследство“. Во рамките на оваа Програма во текот на 2018 година Управата ќе организира серија активности и настани за едукација, заштита и популаризација за нашето материјално и нематеријално културно наследство коишто ќе бидат презентирани на настанот“, соопшти денес Управата за заштита на културното наследство.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија