МакеДокс повторно ќе го прикаже документарецот „Човекот-делфин“

Од:

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс вечер од 20 часот во Кино Култура повторно ќе го прикаже документарецот „Човекот-делфин“ – инспиративна приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв достигнал длабочина од 100 метри во слободно нуркање.

МакеДокс соопшти дека ќе го репризира филмот поради голем интерес на публиката и преполната сала на претходната проекција, но и како желба на подмладокот на „МакеДокс“ по средбата со познатиот актер Жан Марк-Бар. Филмот од 78 минути е италијанско-француска копродукција во режија на Лефтерис Чаритос.

– Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој успева да ги помести границите на човечкото тело и ум. Тој е главната инспирација за играниот филм „Големото синило“ на Лик Бесон, соопшти МакеДокс.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска