МакеДокс организира кино – викенди со најдобрите документарци

Од:

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ организира „МакеДокс Кино-викенд(и)“, кадешто на македонската публика ќе ѝ се даде можност уште еднаш да погледне некои од документарните филмови кои беа дел од програмата на фестивалот.

Во Кино „Фросина“ – МКЦ ќе бидат прикажани четири документарни филма. Про-активен петок (04.03.2016) со „Секојдневен бунт” и „Секс за шуми“ од 20:00 и 22:00 ч. и гламурозна сабота (05.03.2016) со годинашните кандидати за Оскар – „Доаѓаме како пријатели” и „Погледот на тишината“ од 20:00 и 22:00 ч.

12823016_10208885069779233_1825939564_o

Во петок на програмата на „МакеДокс кино-викендот“ има филмови кои зборуваат за граѓанската активност, за социјалната ангажираност и за сѐ поголемото јакнење на граѓанинот како субјект, активен и одговорен за сѐ она што се случува околу него, како активен принцип во социјалната, општествената, па и еколошката сфера. Универзална тема, која веруваме дека нѐ засега сите нас, кои сакаме да живееме во еден поправеден, подобар и еколошки почист свет.

– Саботата ја посветивме на гламурот, но не на оној формалниот и појавниот, туку на гламурозната атмосфера и чувството што го создаваат квалитетните документарни филмови кои раскажуваат, понекогаш, страшни, но вистинити приказни, велат од МакеДокс.

12787623_10208885070739257_15518579_o

Ќе бидат прикажани два документарни филма кои се најдоа во пократката листа за номинации за Оскар. Тоа се „Доаѓаме како пријатели“ на режисерот Хјуберт Саупер, кој во септември ни дојде како пријател во рамките на проектот „Докувизија“, што „МакеДокс“ го организираше заедно со регионалните дистрибутери и фестивали на документарни филмови, како и филмот „Погледот на тишината“ на режисерот Џошуа Опенхајмер, филм што влезе меѓу најдобрите пет според Американската академија за филмска уметност.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска