Во организација на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, денеска и утре ќе се одржи вториот „МакеДокс Кино-викенд“.
Прикажани ќе бидат два документарни филма кои беа дел од програмата на Фестивалот, едниот за старата југословенска кинематографија – „Синема Комунисто“, а другиот за актуелниот белоруски „Слободен театар“ – „Опасни дела“.
Проекциите ќе бидат во кино „Култура“, од 21 часот.
„МакеДокс“ најавува дека по проекцијата вечер, ќе се одржи и винил-игранка со грамофонски плочи.