„Мајки“ во Јапонија, а Манчевски во Амстердам

Од:

Проекцијата на филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски вчера се одржа во Јапонија. По проекцијата на филмот, јапонскиот организатор Кјоко Хирано, организирал разговор со авторот. Манчевски со видео-линк разговарал со јапонската академска публика и одговарал на прашања на гледачите.

Минатиот месец, како што информира Банана филм, Манчевски учествувал и на конференцијата „Градење социјална кохезија низ култура во конфликтни и пост-конфликтни контексти“ во Амстердам. Во рамки на конференцијата бил прикажан и филмот „Мајки“ и се одржал разговор со меѓународната академска публика.

Манчевски учествувал на конференцијата со излагање кое содржело истражување на личните искуства поврзани со приемот на неговите филмови и на кампањата „Македонија вечна“ во македонската и во светската јавност, но во контекст на брендинг, на социјално оспособување, на сликата за себе и на сликата за другиот.

Минатиот месец се појави и ново дистрибутерско издание на вториот филм на Манчевски, „Прашина“. Американскиот дистрибутер, „Лајонс гејт“ го пласира филмот во пакет со три други вестерни од американски автори. „Мајки“ неодамна беше прикажан и во Џакарта, на фестивалот „Европа на екранот: европски филмски фестивал во Индонезија“ и во рамки на манифестацијата „Глобална филмска инцијатива“ на Прат институтот во Њујорк.

„Мајки“ беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, осовои седум награди и беше вброен во 40-те најдобри европски филмови на годината. Во наредните месеци, Манчевски има закажано активности и во Филаделфија, Мјанмар, Турција и Германија.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ