„Магичен свет“- најдобар филм на Мобил филм фестивал

Од:

Автори од Русија, Шпанија, Ирак и од Македонија беа наградени синоќа на 9.издание на Мобил филм фестивал, што се одржа во Кинотеката на Македонија.

Публиката можеше да проследи селекција од најдобрите филмови што годинава пристигнаа на адресата на фестивалот.

Жирито во состав: Весна Ристовска, режисер, Гораст Цветковски, актер и Сашо Павловски, продуцент и режисер, ги избраа најдобрите и ги наградија во неколку категории:

• Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска – Лале“
„Магичен свет” – автор Катја Ветрова, Русија

• Награда за најинвентивен филм
„Сенки на радио на Истокот“ (Shadows of a radio in the east) – автор Начо Ресио, Шпанија

• Награда за најоригинална приказна
„Чевли“ – Филип Петрески, Македонија

• Награда за најдобра идеја
“Ailan”- Јубраил Абубакер, Ирак

На фестивалот учествуваа тројца автори од Македонија со свои филмови. Тие добија благодарници за учество. Доријан Миловановиќ го промовираше својот филм „Танц“, Борис Таковски – „Int.room“, а Филип Петрески учествуваше со наградениот „Чевли“.

Наградените добија плакети, а авторот на најдобриот филм доби и стипендија за студирање на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје.

Мобил филм фестивал се одржа од 16 до 24 ноември, во Кинотеката на Македонија, под мотото „Dream big, start small“. Фестивалот го организира продуцентската куќа „КТ филм и медиа“ од Скопје, а го поддржа Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ