Магдалена Алексовска ја занеме публиката во Карнеги Хол – Њујорк

Од:

Бијонсе, Селин Дион, Лајза Минели се само дел од имињата кои имаат настапено на сцената на Карнеги Хол како млади таленти, а овојпат на сцената во Њујорк се слушна и неверојатниот глас на нашата Магдалена Алексовска која ја остави публиката без здив и предизвика громогласен аплауз.

Магдалена Алексовска е втората македонка која како самостоен вокалист има застанато на најголемата сала во Карнеги Хол – „Исак Стерн Аудиториум“ на која досега имаше настапено само нашата незаборавна Вања Лазарова.

Магдалена се закити со 3-тото место на овој престижен Гала Концерт на „American Protege“ што е натпревар на светско ниво. Магдалена беше облечена во креација на македонската дизајнерка Mаја Десподовска, а за професионалната фотосесија се погрижи студиото “Fokus Photography”.

Магдалена Алексовска пред големата публика во Њујорк се претстави со „There are worse things I could do” од прекрасниот мјузикл „Брилијантин“ и ја остави публиката маѓепсана од нејзиниот глас.

Со својот гламурозен настап, изглед и неверојатна театрална изведба Магдалена Алексовска е глас за големите сцени.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска