Лувр повторно отворен за посетители

Од:

Славниот музеј во Париз, Лувр, е повторно отворен за посетителите, откако вработените протестираа поради големиот број кражби. Персоналот мораше да го затвори музејот бидејки имало преголем број на крадци кои оперирале како банди, а во нив биле вклучени и малолетни лица.

Претставничка на синдикатот на вработени во Лувр, Кристел Гијадер, изјавила дека на вработените им е преку глава од сè.

– Доаѓаат на работа во страв зашто се соочени со организирани групи на џепчии кои се се поагресивни, а меѓу нив се и малолетници кои во музејот влегуваат бесплатно, а полицијата ги пушта на слобода само неколку дена откако ќе ги уапси – објаснила таа.

Околу 100 вработени дури излегоа и на протест пред министерството за култура под чија надлежност е музејот

Менаџментот на Лувр презема мерки за зајакнување на безбедноста во музејот. Лувр годишно го посетуваат 10 милиони туристи и е најпосетен музеј во светот.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери