Поставувањето на сликата Спасител на светот (Salvator mundi) на Леонардо да Винчи во музејот „Лувр Абу Даби“, кое беше предвидено за 18-ти септември, се одложува на неодредено време.
Секретаријатот за култура и туризам на Обединетите Арапски Емирати не ги наведе причините за одложувањето и соопшти дека наскоро ќе изнесат детали за случајот.
Сликата од периодот на Ренесансата во ноември беше продадена за рекордни 450 милиони долари на аукција на „Кристи“ во Њујорк.
Да Винчи на сликата го има прикажано Исус во сина облека како држи кристална кугла и директно гледа во набљудувачите.