Љутков: Власта со Предлог законот за култура го брише националниот интерес како категорија и зборот македонска култура

Од:

Во Кинотеката на Македонија се одржа јавна дебата за најновиот Предлог – закон за култура организирана од Министерството за култура кое е и главен предлагач на овој Предлог законот. Напоменуваме дека во седмата година на владеење на двоецот СДС/ДУИ, покрај промената на пет министри за култура, ова е трет обид за донесување на нов Закон за култура, но, се чини дека и овој пат обидот ќе биде неуспешен рече на прес конференција Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Закон не може да биде желботека, а овој Предлог закон е токму тоа бидејќи освен додадени Членови за работи во културните институции кои може да се уредат со други механизми на пример со Правилници и слично, суштината на еден Закон за култура целосно изостанува. Избришани се Членови кои се однесуваат токму на промоција на македонската култура, нема трага од национална култура и национален интерес, а најголемата небулоза е тоа што во законот го нема изразот македонска култура. Генерално, станува збор за Предлог закон во кој нема М од македонска култура, не се следат националните интереси, туку личните интереси на поединци и Предлог закон со кој СДС повторно покажа основно непознавање на областа култура како стратешка дејност за развој на државата и ни потврди дека културата им е на последно место, вели Љутков.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ продолжува со непотизам – Љутков ја вработи сестра му во Велешкиот музеј

Љутков-Тодоров: Продолжуваме да ја развиваме меѓусебната соработка

Љутков: Ќе се повтори постапката околу преземањето на Универзална сала во Скопјe

Горан Наумовски

Љутков: Научните стојалишта на македонистите од светот се придонес во афирмацијата на македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on

(ВИДЕО) Љутков до Костадиновска: За реализација на фестивалот во Приштина одвоивте 30.000 евра