„Љубовта, убавината, славата“ од Енди Ворхол во издание на Феникс

Од:

Издавачката куќа Феникс, во пресрет на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, деновиве ја објави книгата „Љубовта, убавината, славата“ од Енди Ворхол.

Според издавачот, станува збор за необично и ретко издание, во кое самиот автор Енди Ворхол говори, односно пишува за својата филозофија.

– Оваа книга го претставува славниот американски уметник преку неговите записи, размислувања и транскрипции на неговите разговори со луѓето со кои се дружел.

– Можеби тоа е и најдобриот начин да го запознаеме како личност, бидејќи во неа не зборува само за уметноста, туку и за се она што го интересирало во животот: слава, пари, секс, љубов.

– Во тие записи и фрагменти од разговорите го откриваме Ворхол и како бизнисмен и како уметник, но и како внимателен син кој живеел со својата мајка се до нејзината смрт. Тој е и своевиден Оскар Вајлд, кој повеќе се крие, отколку што се открива преку прифатените парадокси кои го воделе и низ животот и низ уметноста, се наведува во текстот на издавачот кон книгата.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска