„Љубов и револуција“ во Градскиот парк

Од:

По фантастичниот прв концерт „Ну погоди“ кој го проследија илјадници вљубеници во музиката од најразлични генерации, следува премиерна изведба на вториот концерт во рамки на циклусот „Филхармонија на отворено“.

Во сабота во 21 часот во Градскиот парк премиерно ќе прозвучи концертот насловен „Љубов и револуција“ на кој публиката ќе има можност да ги чуе најпопуларните песни од поп-рок и панк музиката кои претежно ги одбележаа 1990-тите години.

Под диригентската палка на Џијан Емин и во негови аранжмани ќе бидат изведени песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк Флојд“, „Рамштајн“… Заедно со оркестарот на Филхармонија, ќе настапи и хорот „ПроАрс“ чиј диригент е Сашо Татарчевски, кој ќе биде главен носител на проектот.

И овој концерт, како и првиот, претставува уникатна идеја во смисла на тоа ваков тип на композиции да бидат изведени од страна на симфониски оркестар и хор, што е ретка практика и во светот.

И двата концерти се реализираат во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска