Некои од најдобрите скопски звучни артисти и амбиентални музичари ќе учествуваат во создавањето звук за 55-от аудио-визуелен циклус на Live Soundtrack што ќе се одржи во Кинотеката.
Live Soundtrack е настан со филмска музика основан во Белград. Преку прикажување на ретко видени дела од кратко кино, експериментални филмови и анимации од целиот свет и здружување музичари од електронско, амбиентално и електроакустично милје, во текот на повеќе од 50 настани (2014-2020) стана извор на постојана поддршка за независната сцена.
Во 2021 година, Live Soundtrack ја започна новата сезона на настанот, со прикажување на филмови избрани на отворен повик за неми филмови преку платформата Film Freeway и во моментов е на регионална турнеја.
55-то издание: Нов свет (не)поредок: Еко-вознемиреност и миграција (New world (dis)order: Eco-anxiety and migration) има за цел да ги расветли огромните проблеми и вештачки катастрофи од ерата на Антропоценот (војна, глад, миграции, еколошки катастрофи, вирусни болести), нарушување на еколошката рамнотежа и последиците од климатските промени преку слики на апокалиптични пејзажи и метафорички јазик во поновите неми и анимирани филмови.
Програмата ќе ја презентира Марко Миличевиќ, програмски менаџер и куратор на настанот. Со свои проекти ќе настапат музичарите уметници Мартин Георгиевски (Amplidyne Effect), Тони Димитров (sound_00), Владимир Мартиновски
Филмска програма ќе донесе проекции на филмовите: Julien Guiol – Origin of the End of the World (Франција, 2019, 14’), Olga Guse – The Pray (Германија, 2021, 4’), Anna Faroqhi & Hain Peretz– Lana’s Story (Германија, 2017. 12’), Vanessa Cardui – Green Thread (Германија, 2020, 6’), Can Yesiloglu – No! (Турција, 2021, 2’), Siavash Eydani – The Note (Иран, 2020, 4’) и Manne – The Seagull (Ерменија, 2020, 20’).