Литературна манифестација „Илинден 2021“

Од:

Во Домот на култура „Илинден“, во општина Илинден, денеска и утре ќе се одржи традиционалната 22. Литературна манифестација „Илинден 2021“.

Манифестацијата ќе почне вечер во 19:00 часот со одбележување 100 години од раѓањето на Блаже Конески, истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач… Беседа за книжевното и научното дело на поетот и кодификатор на македонскиот јазик ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска. Во рамките на првата вечер од манифестацијата ќе се одржи промоција на Избраните дела во десет книги од Раде Силјан, со реч на академик Витомир Митевски.

Централниот настан поетскиот митинг „Стихови за душата“ ќе се одржи на 8 јули со почеток во 19:00 часот, со настап на повеќемина истакнати македонски писатели, како Паскал Гилевски, Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Кристина Николовска, Христо Петрески, Љерка Тот Наумова…На манифестацијата ќе учествуваат и поети од странство кои поради пандемијата не се во можност лично да присуствуваат, но затоа со своите дела онлајн ќе се обратат до љубителите на пишаниот збор. Меѓу нив се наоѓаат и познатиите писатели Јожеф Бенце од Унгарија, Сретен Перовиќ од Црна Гора, Владимир Луков од Бугарија, Милан Јазбец од Словенија, Љиљана Стејиќ од Србија и Ѓуро Видмаровиќ од Хрватска.

Со поздравен говор, поетскиот митинг ќе го отвори градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, покровител на Литературната манифестација „Илинден“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска