Американската издавачка куќа „Пингвин“ објави книжевна антологија со илустрации „Прозорци кон светот: 50 писатели, 50 погледи“ во која е објавен и прозен текст од Лидија Димковска.
Станува збор за проект на италијанско-американскиот визуелен уметник Матео Периколи кој од 2010 година прво во Њујорк Тајмс, а потоа во Париз Ривју објавуваше цртежи на поглед низ прозорецот на писатели ширум светот. Секој цртеж е пропратен со текст од страна на авторот, а од Македонија беше избрана Лидија Димковска која објави текст за нејзиниот поглед низ прозорецот од Скопје.
Издавачот „Пингвин“ во книгата наведува дека станува збор за педесет светски писатели кои го споделуваат својот поглед низ прозорецот со уметникот Матео Периколи и на тој начин го шират нашиот сопствен поглед кон просторот, креативноста и значењето на домот.
Во книгата со свои текстови, освен Димковска, се јавуваат и нобеловците Орхан Памук и Надине Гордимер, годинешниот добитник на Букеровата награда, австралискиот автор Ричард Фланаген, индискиот Рана Дасгупта, германскиот Даниел Келман, израелскиот Едгар Кенет, американскиот Т.С. Бојл, бразилската авторка Татјана Салем…