Лидија Димковска номинирана за наградата „Европски поет на слободата“

Од:

Поетската збирка „пХ неутрална за животот и смртта“ од Лидија Димковска е номинирана за полската награда за поезија „Европски поет на слободата 2016“ што ја доделуваат градот Гдањск и Градскиот институт за култура од Полска.

Наградата што важи за една од најпрестижните во Полска се доделува биенално и во 2016 година ќе биде доделена по четврти пат. Досега наградата ја добиле Уладзимир Арлоу од Беларусија, Дурс Грунбејн од Германија и Дорта Јагиќ од Хрватска.

За 2016 година жирито составено од репрезентативните полски автори и критичари Криштоф Чижевски, Олга Токарчук, Павел Хуеле, Андреј Јагодински, Збигњев Миколејко, Криштоф Помиан и Станислав Росиек номинира седуммина европски поети врз основа на повеќе предлози и препеви од бројни преведувачи на полски јазик. Од Македонија во најтесен избор се најде Лидија Димковска со песни од нејзината поетска збирка „пХ неутрална за животот и смртта“ (Блесок, 2009 и Фондација Македоникаwww.makedonika.mk).

Номинацијата се состои во интегрален препев на поетската книга на полски што во 2015 годiина ќе ја објави Институтот за урбана култура и издаваштво Слово/Слика на територијата, а жирито од сите седум поетски збирки ќе ја избере најдобрата што ќе ја добие наградата.

Нагрдата „Европски поет на слободата“ ќе биде доделена во март 2016 година во рамките на истоимениот меѓународен книжевен фестивал на кој ќе учествуваат сите седуммина номинирани поети: Лидија Димковска (Македонија), Јахја Хасан (Данска), Даниел Јонас (Португлија), Сергеј Стратановски (Русија), Ана Бландијана (Романија), Анико Полгар (Унгарија) и Вани Бјанкони (Швајцарија). Заедно со поетите се номинирани и нивните препејувачи на полски јазик меѓу кои и Данута Ќирлиќ Страшинска која го препејува поетското творештво на Димковска на полски, а го преведе и нејзиниот роман Скриена камера.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска