„Лице в лице“ со познатите и со продавачите

Од:

Познати уметници, музичари, пејачи, модни креатори, волонтери на Црвениот Крст на Град Скопје, но и граѓани и новинари се приклучија кон промоцијата на третиот број на активистичкото списание „Лице в лице“, која се одржа денес на пладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Промоцијата на третиот број на „Лице в лице“ го означи почетокот на одбележувањето на глобалниот настан Меѓународна недела на продавачи на улични весници која од 4 до 7 февруари се одржува во повеќе од 600 градови низ светот.

Ликовниот уметник Сергеј Андреевски, модните креатори Никола Секирарски и Тања Кокев, членката на „Старовски бенд“, Верица Андреевска-Спасовиќ музичарот и член на „Синтезис“ Марјан Јовановски, поп пејачката Каролина Гочева и десетина граѓани кои сакаа да ги поддржат продавачите денеска на централниот скопски плоштад им го нудеа новото издание на граѓаните.

-Овде сум заедно со продавачите затоа што овие теми допираат до мене. Сите можеме да помогнеме, потребно е само да имаме волја – рече модниот креатор Секирарски.

Младиот продавач Армандо Реџепи, за кого има и сторија во новиот број на списанието рече дека полесно продава кога е заедно со познатите личности.

-Интересно е со нив, но умеам да се снајдам и сам. Сега продадов 10 броја, ми помогна Сергеј. Се надевам дека продажбата ќе расте – вели 16-годишниот продавач.

Освен денешната промоција, во рамки на Меѓународната недела на продавачи на улични весници, „Лице в лице“ организира и посета на повеќе компании, меѓу кои се МЕПСО, „Пакомак“, „Фармахем“, „Адора инженеринг“, „Конект“ и Холандската амбасада. Продавачите ќе се дружат со вработените, но и ќе им го понудат третиот број на списанието.

Би можело да ве интересира

Трибина: Сиромашното домување негативно влијае на развојот на поединецот

Ана Ололовска

Македонија се вклучува во одбележувањето на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат

Ана Ололовска