Балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, утре, 20 јуни, со почеток во 20 часот, ќе биде одиграна во Националната опера и балет.
„Либертанго“ нè води низ приказна што ни ги покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…
Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.
Кореограф е Сабрина Боско (Италија), режисер и либретист Наташа Поплавска, сценограф и костимограф Александар Ношпал.
Настапуваат:
Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова
Висенте (Нонино) Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марија Нивес Рего: Марија Кичевска-Шокаровска
Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски
Карменсита Калдерон: Наташа Јосифовска
Деде Вулф: Марија Јосифовска-Ристовска
3 гангстери и танго-танчари: Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев и Ендру Кук (Англија)
Пјацола дете: Марко Здравковски
Пјацола млад: Ендру Кук (Англија)
Пјацола стар: Драган Кочоски