Леуварден и Валета – престолнини на европската култура во 2018 година

Од:

Холандскиот град Леуварден и Валета, главниот град на Малта, ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2018 година. Ја преземаат од данскиот Орхус и кипарскиот град Пафос.

Организаторите на програмата за 2018-та во Леуварден најавија отворање на целогодишната манифестација на 26-ти и 27 јануари кога сите плоштади на градот ќе бидат поврзани со настани со танц, театар, музика и песна.

Идејата им е да го покажат нивниот „iepen mienskip“ односно отворено општество.

Главниот град на Малта, Валета, е исто така европска престолнина на културата наредната година. Организаторите најавија дека нивната едногодишна културна манифестација ќе почне со свеченост достојна на традиционалната Maltese Festa, поканувајќи ги Европејците да ја посетат Неделата на отворање (14-21 јануари).

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија