Во Книжарницата ИЛИ-ИЛИ во Скопје од утре (петок), па се’ до 3. септември, ќе траат традиционалните „Летни приказни со ИЛИ-ИЛИ”, во чии рамки домашната читателска публика ќе има можност да купи книги по ниски, саемски цени.
Во рамките на „Летните приказни“ најавени се и промоции на неколку нови преводи, како „Бугати се појавува” на германската писателка Деа Лоер, „Посетата на дворскиот лекар“ на Швеѓанецот Пер Олов Енквист, „Колекционер на љубовни приказни“ на Александар Секулов, како и претставување на неколку нови книги од домашни автори, како „Слики со животна уверливост” на Снежана Младеновска Анѓелков и „Атена со пенис” на Александар Русјаков.