„Лебедово езеро“ во изведба на ансамблот на „Булфрогс“

Од:

На сцената на Македонскиот народен театар, вечер  балетското училиште Булфрогс премиерно ќе го изведе балетскиот рецитал „Лебедово езеро“ на музика од Петар И. Чајковски, во кореографија на Александра Никифоровски.

Улогата на Одета ја играат Теа Стефановска и Јана Трпковска, а во улогата на Одилија ќе се појават Керолајн Бутемер и Федерика Ј. Донегати – членови на Булфрогс Балет.  Улогите на Принцот Зигфрид и Родбарт ги играат Фатмир Смани и Крешник Мусоли од Националниот Балет на Косово.

„Лебедово езеро“ е љубовна приказна низ која се проткајува темата за борбата помеѓу доброто и злото. Поаѓајќи од оваа приказна, кореографката Никифоровски внесува нови елементи кои го отсликуваат современиот начин на живеење.

Интернационалното балетско училиште Булфрогс оваа година одбележува шест години од постоењето, а Никифоровски 10 години од своето кореографско творештво. „Лебедово езеро“ е седмата продукција на Булфоргс од основањето на училиштето.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска