На сцената на Македонската опера и балет вечер, во рамките на 43. Мајски оперски вечери ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“.
Балетот е во кореографија на Украинецот Виктор Јаременко, а во главните улоги се првенците на Бољшој театарот од Москва, Нина Капцова и Артјом Овчаренко. Капцова ги игра Одета и Одилија, а принцот Зигфрид ќе биде Овчаренко. Улогата на Ротбарт ќе ја толкува Дојчин Дочев од Бугарија.
Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Ѓорѓе Павловиќ од Србија, а ќе настапи комплетниот балетски ансамбл на МОБ.