КупиКнига.мк ја објави листата на 20 најпродавани книги во 2015 година

Од:

Онлајн книжарницата КупиКнига.мк ја објави топ 20 листата на најпродавани книги во Македонија во  2015 година, на која  на  прво место е  книгата „Ако не постои утре“ од Гијом Мисо. Тој воедно е и најпродаваниот автор минатата година со четири дела во топ 20 листата, од кои на високото трето место е и неговата  книга  „Спаси ме“.

На второ место на листата е Зозе Мургоски со својот Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика. Мургоски е единствен македонски автор чие дело е меѓу најпродаваните 20 книги.

– Трендот на купување книги од жанрот на белетристиката  трета година по ред е најактуелен. Трилерите, љубовните и еротските книги се најинтересни за читателите, изјави Елена Јолевска, продукт-менаџер на КупиКнига.мк.

Во прилог е целосната листа на  20 најпродавани книги во 2015 година што ја објави КупиКнига.мк:

1. Ако не постои утре – Гијом Мисо
2. Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика –
Зозе Мургоски
3. Спаси ме – Гијом Мисо
4. Една неодолива љубов – Џули Џејмс
5. И одеднаш едно лето – Џули Џејмс
6. Кога мене ќе ме нема – Колин Оукли
7.Тајната на сопругот – Лиен Мориарти
8. Греј – Е. Л. Џејмс
9. Казна за гревот; Ноќта кога дојдоа сватовите. Кн. 1 – Јелена Бачиќ Алимпиќ
10. Во врска со онаа ноќ – Џули Џејмс
11. Затоа што те љубам – Гијом Мисо
12.1984 – Џорџ Орвел
13. Големи мали лаги – Лиен Мориарти
14. Последната пролет во Париз – Јелена Бачиќ-Алимпиќ
15. Седум години подоцна – Гијом Мисо
16.Светот не е фабрика за исполнување желби – Џон Грин
17. Светското зло и беда наследството на 13 династии на илуминатите – Робин де Рајтер
18. Ејми ја нема – Џилијан Флин
19. На една свадба – Џули Џејмс
20. Казна за грех – Ноќ када су дошли сватови – Јелена Бачиќ-Алимпиќ

КупиКнига.мк е прв македонски портал за електронска трговија со книги, кој е всушност агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Во неговата понуда се над 47.000 изданија на македонски, српски, англиски и на албански јазик од најразлични жанрови.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска