Во рамки на Меѓународниот театарски фестивал вечер ќе биде промовирана книгата со собрани драми „Купидона и други драми“ од Срѓан Јаниќијевиќ.
Петте драми објавени во книгата се напишани и изведени во периодот 2005-2013. Веднаш по промоцијата, книгата ќе биде објавена и во електронски формат.
Книгата е во издание на „Блесок“, а како и претходните две од едицијата за драмски текстови „Гестус“ од Слободан Шнајдер и Биљана Србљановиќ, ја приреди проф. д-р. Јелена Лужина.
На промоцијата со пеење и глума ќе учествуваат петнаесетина актери и пејачи, а промоцијата ќе продолжи со забава со ДЈ Новоградска.